Само месец и нешто по најавата, Google и официјално ја пушти првата бета верзија од Google Play Games апликацијата за Windows.  За почеток оваа апликација не им е достапна на сите корисници, па ќе се тестира само во неколку земји, односно во Хонгконг, Јужна Кореа и Тајван.

Овие корисници ќе можат да ја инсталираат апликација која е специјално направена за Windows и да почнат да ги играат игрите кои досега им беа достапни на мобилните и таблет компјутерите со Android.

Една од главните карактеристики кои ги истакнуваат од Google, е можноста за продолжување на игрите од еден на друг уред. Игрите, поради тоа што ќе се играат преку Play Games, ќе ги имаат истите резултати, односно тоа што корисниците го играат на нивниот мобилен, ќе биде заедно сметано кога се игра на било кој уред.

Засега не е познато каква технологија користи Google за нивната апликација. Исто така, ова е интересен потег од компанија со оглед на тоа што Microsoft требаше да пушти поддршка за Android апликации на Windows 11, но истата ја одложи за оваа година.

Во случајот со Microsoft, апликациите, меѓу кои и игрите, од Android ќе функционираат преку Android Subsystem for Windows, еден вид на виртуелна машина во која ќе бидат пуштани. Апликациите треба да се инсталираат преку продавницата за апликации на Amazon, што значи дека ќе немаат поддршка за сервисите од Google, а со тоа и до Play Games.

Google со нивната апликација ќе донесе вистинско продолжување на нивните сервиси на повеќе уреди, па ќе биде интересно да се види што ова ќе направи на плановите на Microsoft, иако засега нема најави дека Google ќе донесе нешто повеќе од игри на Windows.   

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаWizz Air ја потврди својата позиција како најзелениот избор на воздушно патување
Следна статијаГраѓаните бараат ефикасни општини – со дигитализација до квалитетни јавни услуги
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.