Apple првпат го претстави новиот iOS 7 минатиот Јуни, а стана достапен за корисниците во Септември со претставувањето на новите iPhone 5s и 5c. iOS 7 иако донесе и низа на подобрување и нови функции, сепак најпознат е по целосниот редизајн на корисничкиот интерфејс. Тој го задржа едноставниот изглед базиран околу иконите од апликациите, меѓутоа изгледот беше променет со поедноставен рамен дизајн. Исто така со оваа верзија беше претставен и Control Center, нов Notification Center, нов начин за multitasking и повеќе.
Надградбата на iOS 7.1 е достапна за сите корисници на iPhone 4 и понов, iPad 2 и понов, iPad Mini, како и 5-тата генерација на iPod. Истата изнесува околу 1,4 GB, па е препорачано да биде симната преку Wi-Fi.
Со оваа надградба се воведува поддршката за CarPlay, системот за автомобили кој што беше претставен минатата недела. Надградбата исто така вклучува подобрување во работата на Siri, како и одредени подобрувања на перформансите и дизајнот. Поточно iOS 7.1 вклучува подобрување и промени во следните функции:
- Поддршка за CarPlay
- Контрола на периодот на слушање на Siri преку можноста за држење на home копчето додека не завршите со зборење, по што ќе биде процесирана вашата команда
- Подобрувања во iTunes радио
- Подобрувања во Calendar апликацијата
- Подобрувања на режимот за лица со проблеми со видот
- Можност за автоматско вклучување на HDR во iPhone 5s
- Поддршка за iCloud Keychain во повеќе земји
- Нотификациите за повици од FaceTime автоматски се тргаат доколку одговорите на повикот на друг уред
- Исправен е bug кој предизвикуваше повремено паѓање на home екранот
- Подобрување на Touch ID сензорот за отисоци од прсти
- Подобрени перформанси за iPhone 4
- Подобрувања на корисничкиот интерфејс
Според податоците до кои што доаѓа Apple преку App Store пристапот на корисниците, околу 82% од корисниците на компатибилен уред го користат iOS 7, а таа бројка се очекува да се зголеми со најновата надградба.