Cortan+Android+fullbleed-jt

Microsoft има сериозни намери за преземање на приматот најдобар дигитален асистент со Cortana и затоа, покрај тоа што ја лансираше Cortana за Android, сега овозможи истата да се стартува со притискање на “Home” копчето и “swipe” нагоре, односно целосно да ја замени функционалноста на Google Now.

Cortana веќе повеќе од една година се користи во Windows Phone 8.1, а од неодамна и во новиот Windows 10. Може да пребарува информации да интернет, да закажува состаноци, да праќа мејл и да извршува многу други команди, само со говорни пораки. Во Windows 10, Cortana може да се повика и со командата “Hey Cortana”, нормално доколку имате активен микрофон.

Засега, Android верзијата е се уште во бета и не поддржува “Hey Cortana” поради хардверски лимитации на оперативниот систем, но за многу корисници веројатно ќе е доволно што може да се лансира со исто како Google Now.  Cortana, за разлика од својот лут конкурент вграден во Android, го користи Bing за сите информации.

Ваквиот пристап на Microsoft, односно желбата целосно да го заменат Google Now кај Android телефоните и не е изненадување, бидејќи тие најавија дека ќе ги прошират сопствените сервиси на сите поголеми платформи, меѓу кои исто така е и iOS, односно iPhone и iPad.

На овој начин, корисниците на Windows 10 платформата ќе можат без проблем да имаат пристап со својата „дигитална секретарка“ независно од тоа која платформа ја користат на својот телефон. Ова е можеби дијаметрално со успехот на Windows 10 Mobile, но Microsoft веројатно веќе нема избор и ќе мора да почне да заработува и на своите сервиси, како Cortana, Office и сл.

cortanaandroid.0

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаОфицијални спецификации од Samsung Galaxy Note 5 – ќе биде најмоќен телефон на пазарот!
Следна статијаGoogle спрема Android телефони поевтини од 50 долари!