galaxy-note-5-concept-004

Samsung за неколку дена ќе го лансира новиот Galaxy Note 5, кој како што беше случајот и со неговите претходници, ќе биде најмоќниот паметен телефон во времето кога е лансиран. Еве ги сите спецификации, кои сега ги знаеме благодарение на протечено пакување од самиот телефон, а како бонус, имаме и фотографии и од Galaxy S6 Edge Plus.

Екранот дефинитивно ќе има големина од 5,7 инчи и резолуција од 2560х1440 пиксели. Нормално, дисплејот ќе биде Super AMOLED и ако се водиме според искуството со Galaxy S6, треба да биде најдобар во скоро секој параметар од сите конкуренти.

Сите тие пиксели ќе треба да ги движи прилично моќен процесор и за тоа ќе биде задолжен Exynos 7420 или 7422 со осум јадра, кој во која и да било варијанта е најмоќен од сите паметни телефони моментално, а благодарение на изработката со транзистори од 14 nm, по која е единствен.

leaked-Galaxy-Note-5-packaging

За разлика од главните конкуренти, кои имаат 3 GB рам меморија, Note 5 ќе има 4 GB рам, кој во големо ќе помогне за работењето со повеќе апликации одеднаш, додека моделот на сликата има 32 GB внатрешна меморија. За жал, овој пат нема да има слот за мемориска картичка, но ќе бидат достапни модели со 64 и 128 GB.

Камерите ќе бидат веројатно исти како оние на Galaxy S6, со 16 мегапиксели и оптичка стабилизација на сликата назад и 5 мегапиксели и широка леќа напред. Нормално, Note 5 ќе може да снима и Ultra HD (4K) видео со резолуција од 3840х2160 пиксели.

Покрај протечените спецификации и Galaxy Note 5, имаме и неколку протечени фотографии од Galaxy S6 Edge Plus, телефон со големина од 5,5 инчи, кој како и помалиот S6 Edge има заоблен екран на страните. Edge Plus треба да биде замена за минатогодишниот Galaxy Note Edge.

Galaxy-S6-Edge-Plus-top

Извор: Pocketnow, Techno Buffalo

Претходна статијаWalkCar – личен електричен транспортер за низ град
Следна статијаCortana сега може целосно да го замени Google Now во Android