Windows-start-menu-modern-apps-cortana

Освен неколку информации за одредени функции кои што треба да бидат достапни во некоја од наредните верзии од Windows, Microsoft не дава повеќе информации за тоа што ќе биде вклучено во Windows 9 или како што уште се нарекува Threshold. Достапни се огромен број на неофицијални информации, меѓутоа поради отсуството на информации од Microsoft, моментално тие се на ниво на шпекулација. Веќе можевме да прочитаме дека од компанијата планираат проширување на достапноста на Cortana и на Windows, па оваа недела достапни се нови информации околу оваа можност.

Изворот на најновите информации оваа недела е порталот Neowin, според кој што Cortana е дел од стабилните тест верзии на Windows 9. Во оваа фаза асистентот функционира како посебна апликација која што кога ќе се вклучи зазема 25% од екранот. Стилот на работа и дизајнот е ист како кај Windows Phone. Плановите се да понатаму Cortana биде интегрирана во оперативниот систем, што ќе овозможи подобра работа и извршување на одредени работи. Сепак според информации, не се исклучува можноста за откажување на плановите, па Cortana да биде оставена за некоја наредна верзија, односно надградба од оперативниот систем.

Наредната верзија од Windows се очекува да биде достапна како бета Preview верзија од оваа есен или до крајот на годината, зависно од изворот на информациите.

Извор: Neowin

Претходна статијаUSB Type-C конекторот спремен за производство
Следна статијаПоранешниот директор на Microsoft, Steve Ballmer, го купи NBA клубот LA Clippers