WWDC 2018 е настанот кој привлекува внимание оваа недела, како што е случајот и секоја година овој период. Apple ги претставува новите верзии од нивните оперативни системи, барем тоа е делот којшто нас не интересира, па веќе можевме да прочитаме што ново донесува iOS 12.

На конференцијата беше претставена и новата верзија од десктоп оперативниот систем на Apple, односно беше претставен macOS Mojave.

Како што е случајот и со iOS 12, така и macOS Mojave донесува неколку новини, односно не се работи за значителна промена на стилот на оперативниот систем, туку подобрување и усовршување на неговите перформанси и функции кои го подобруваат корисничкото искуство.

Една од главните новини во Mojave е можноста за вклучување на темен режим на корисничкиот интерфејс на оперативниот систем. Апликациите од Apple кои се дел од оперативниот систем, сите вклучуваат поддршка за темниот режим, односно при негово вклучување и нивниот интерфејс се менува во темен. Останатите апликации, се разбира, зависат од нивните програмери.

macOS Mojave исто така овозможува автоматска промена на позадината зависно од периодот од денот. Па така, преку ден, позадината е слика со повеќе светлина и истакнати бои, додека во ноќта се избира слика со помалку светлина и помал израз на боите.

Stacks е уште една интересна новина која сигурно ќе им е погоди како корисна на оние корисници кои секогаш чуваат поголем број на икони на десктопот. macOS сега нуди можност за нивно автоматски организирање со ставање во автоматски креирани папки направени според видот на датотеката.

macOS Mojave овозможува и целосен преглед на датотеки, нивна промена, без потреба од отворање на целата апликација. Оваа нова функција е наречена Quick Look и е корисна за брза промена на слики, како и одредени документи.

Целосната листа со новини во macOS Mojave можете да ја погледнете на официјалната страна на Apple, преку следниот линк.

ИЗВОР 2Apple
Претходна статијаБлагојче Павлески од Прилеп го освои првото место во јуниор рангирањето на Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт
Следна статијаСе доделуваат стипендии за Cisco и Microsoft летните ИТ школи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.