Во тек се уписите за летните менторски програми на Семос Едукација кои се одржуваат трета година по ред преку летниот период. Менторските програми вклучуваат пакет на обуки во Семос Едукација и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од соодветна компанија, а најдобрите ќе добијат можност за пракса и вработување во компанијата. Сите заинтересирани ќе можат да дознаат повеќе за програмите преку отворените денови кои ќе ги организираат во Семос Едукација.

На Летната Cisco IT менторска програма, слушателите ќе се обучат за Cisco Мрежен Инженер, профил кој ќе ги подготви со вештини потребни за инсталација, конфигурирање, мониторирање, барање и решавање на проблеми во една мала до средно голема компјутерска мрежа. Покрај обуката, слушателите ќе работат на реален проект со ментор од компанијата EURO BPO.

За оваа програма Семос Едукација доделуваат 1 целоснa стипендиja од 1640 € и 5 делумни стипендии од 640 €. Отворениот ден за Cisco ќе се одржи на 8 јуни, каде посетителите ќе имаат можност бесплатно да се тестираат со што добиваат можност за стипендија. Добитниците на Cisco стипендиите ќе бидат доделени на 19 јуни. Сите заинтересирани може да се пријават тука, а повеќе за оваа менторска програма и начинот на аплицирање за стипендија на овој линк.

Летната Microsoft IT школа е интензивна менторска програма која се одвива во период 3 месеци. Заинтересираните имаат можност да одберат една од трите професии: Microsoft Web Developer; Microsoft Server Administrator или Microsoft Data Analyst. Сите кандидати кои ќе аплицираат, учествуваат во тестирањето за целосна или делумна стипендија. Целосната стипендија е во вредност од 1605€, а 30 кандидати ќе добијат делумна стипендија од 555 €. Слушателите ќе работат на реални проекти со ментор од компаниите itCrowd и SAGA.

За секој профил ќе се одржи отворен ден и тестирање, и тоа: За Web Developers на 12 јуни; За Server Administrators – 13 јуни; Data Analysts – 14 јуни. Добитниците на стипендиите ќе бидат доделени на 18 јуни. Сите заинтересирани може да се пријават на овој линк.

Семос Едукација во соработка со неколку компании креира и други менторски програми за обучување во најбараните ИТ и креативни области, и тоа: Adobe менторска програма за графички дизајн; менторска програма за фотографија; менторска програма за внатрешен дизајн и програма за MERN full stack developer.

Во однос на пријавување за летните менторски програми, може да се пријави секое лице кое сака да учи, да се доквалификува или преквалификува и да работи на реален проект, а потоа ќе може да започне нова кариера во одбраната област.

Од Семос Едукација велат дека праксата покажала дека најчесто се пријавуваат студенти, невработени лица или лица кои прават целосна преквалификација. Повеќе за летните менторски програми, стипендиите и условите за аплицирање, прочитајте на официјалната веб-страница на Семос Едукација.

Претходна статијаApple го претстави macOS Mojave – темен режим за работа и нова Stacks функција која ги групира датотеките на десктопот
Следна статијаLenovo го претстави Z5 кој сепак не доаѓа со екран без рамка и исечок на горната страна