Повеќето од поголемите ИТ компании имаат некаква програма наменета да ги „мотивира“ програмерите и безбедносните истражувачи да откриваат проблеми, пропусти и „багови“ во нивните производи.

Apple веќе неколку години има ваква програма, а оваа година, покрај тоа што ја проширува за сите свои платформи, ја засилува и со посебни iPhone уреди кои ќе им ги дава на програмерите.

Овие телефони ќе имаат „ssh, root shell и напредни алатки за „дебагирање““ со што програмерите ќе имаат многу подобар пристап до оперативниот систем и како тој функционира со цел да можат полесно, но и подетално да ги откријат потребните проблеми.

Apple овие телефони нема да ги дава на сите заинтересирани програмери, па тие ќе бидат достапни само на тие кои досега имаат покажано квалитет во својата работа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei го претстави својот HarmonyOS оперативен систем
Следна статијаДалечинскиот пристап при работењето е во пораст
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.