Веќе подолго време се пишува за можното претставување на нов и посебно развиен оперативен систем од страна на Huawei, а тоа посебно стана тема на разговор по проблемите кои се јавија со ставањето на компанијата на листа во САД.

Иако Huawei уште има пристап до Android, па и Windows 10, не се знае во кој правец може да отидат работите во иднина.

Оперативниот систем за којшто се говори толку време конечно е претставен и тој е наречен HarmonyOS. Системот е направен на начин што ќе му овозможи работа на сите видови на уреди, а од компанијата го промовираат како многу побрз од Android, но и од Fuchsia OS на којшто работат од Google кој е повеќе сличен со него.

HarmonyOS е направен на основа на таканаречен микро-кернел и се истакнува дека покрај тоа што е побрз, тој е побезбеден и доаѓа со технологии кои ги овозможуваат сите овие карактеристики. Тој ќе може да работи на сите видови на уреди кои се користат во денешно време и соодветно да се прилагоди.

За почеток од Huawei не го прикажуваат HarmonyOS на смартфон, односно Android останува нивниот главен систем којшто ќе го користат. Доколку дојде до потреба, компанијата сега покажа дека има алтернатива која е развиена и може веднаш да почне да се користи.

За почеток, HarmonyOS ќе се користи кај производите како паметни телевизори и слично, нешто што се очекува да биде претставено од компанијата до крајот на годината.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаATOMIK е вотка направена од култури одгледувани во забранетата зона околу Чернобил
Следна статијаApple ќе им дава посебни iPhone телефони на програмерите кои ќе треба да откриваат грешки и „багови“ во iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.