Фото: Apple

Apple Business Connect им овозможува на бизнисите да ги претстават своите бизниси на места како што е Apple Maps апликацијата. Сега оваа функција се проширува да ги поддржува и апликациите како Mail и Phone. 

Тоа значи дека кога корисниците ќе добијат „имејл“ порака од некој од бизнисите кои ја користат функцијата, во листата со пораки ќе го гледаат и логото кое го имаат избрано.

Соодветно, логото и името на компанијата ќе се гледа и кога корисниците добиваат повик од регистрираните компании, преку Business Connect Caller ID новината која треба да стане достапна од идната година. 

Ова е уште една од можностите кои се одамна достапни на Android, па добро е што гледаме дека Apple ги додава за своите корисници. 

Во текстот од објавата од Apple не можев да најдам дали овие новини ќе им бидат достапни на сите корисници во светот или повторно ќе има ограничувања. 

ИЗВОРApple
Претходна статијаСподелувањето на Instagram профилот стана полесно и поинтересно со новите профилни картички
Следна статијаМакедонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.