Instagram додаде нов начин за споделување на профилот од корисникот кој вклучува картички кои корисникот може да ги прилагодува. Картичките имаат две страни, каде задната има QR код кој и досега можеше да се добие за профилот да биде споделен со користење на камерата од другата страна.
До новите картички може да се пристапи преку профилот на корисникот и притискање на копчето „Share profile“ кое е достапно веднаш под сликата и информациите од профилот.
За прилагодување на овие картички достапни се можностите за измена на бојата, како и додавање на позадината од било која слика која ќе ја прикачи корисникот.
Покрај можноста да се прикаже картичката, а со тоа да се види и името на профилот, како и дополнителните информации, а на задната страна е достапен QR кодот кој може да се скенира со камерата, картичката може и да се сподели на било која апликација, да се симне, па дури и да се сподели на Story.