Во тест верзиите од Android 15 наменети за програмерите, Google започна со тестирање на можноста за користење на апликациите кај таблет компјутерите исто како на десктоп. Тоа значи дека корисниците ќе можат да ги користат апликациите во форма на прозори чија големина се менува, а и да користат повеќе апликации во исто време.
Од компанијата се повикуваат на Samsung DeX и ChromeOS како нешто што веќе е достапно за корисниците и им овозможува вакво користење на апликациите, но досега како функција не е вградено директно во Android.
Засега оваа можност е достапна за тестирање на Android таблет компјутер, па не е познато дали во иднина би се овозможило вакво нешто и за мобилните кога се поврзани на монитор, односно баш како Samsung DeX.
При вклучувањето на овој формат на користење на апликациите, корисниците добиваат и долна лента која е секогаш достапна, а не која се прикажани апликациите кои се вклучени, како и апликациите кои корисникот ги има прикачено.
Заедно со контролите кои се прикажуваат на лентата на горната страна од апликациите, со оваа новина се добива десктоп искуство, нешто што секако е доста повеќе корисно за корисниците кои додаваат и тастатура на нивните таблет компјутери.