Од наредната верзија на Android, која веќе е во тест фаза и треба да стане официјално достапна од оваа есен, корисниците кои често играат игри ќе добијат нова функција која целиот процес на симнување и инсталација на игрите ќе се забрза.

Android 12 ќе им овозможи на корисниците да почнат да ја играат играта која ја симнуваат од Play Store само неколку секунди по притискање на копчето „install“. Ова ќе биде овозможено од новата „play as you download“ функција која ќе овозможи да игрите можат да се играат пред целосно да бидат симнати.

Ова се смета како предност кај игрите затоа што за разлика од апликациите, игрите често се големи и по неколку стотици мегабајти, а не ретко и по некој гигабајт. Корисниците треба да почекаат повеќе додека играта се симне и инсталира, па сега истото ќе можат да го почнат и со 20% завршено симнување на играта.

Програмерите ќе можат да почнат да се пријавуваат за оваа нова функција која секако нема да биде автоматски вклучена за сите игри, туку истите ќе мора да бидат прилагодени од страна на нивните програмери.

Воведувањето на една ваква функција не е нешто чудно кога ќе се земе во предвид дека во денешно време интернет конекциите се доста брзи, па веќе на пазарот има повеќе сервиси кои овозможуваат стриминг на игрите и без потреба од нивно симнување и инсталација. Оваа нова функција кај Android 12 може да се каже дека е еден вид на комбинација.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаPatch Tuesday за месец јули донесува огромен број на безбедносни исправки кај Windows
Следна статијаАнгеловска дел од висок политички форум за одржлив развој на ООН
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.