Patch Tuesday, како што е познат секој втор вторник во месецот, донесува исправки кај Windows, но и кај другите софтверски решенија од Microsoft, а оваа практика ја имаат и уште неколку други компании.

Вчерашниот Patch Tuesday донесува 117 исправки, што е прилично голема бројка и доста повисока од претходните месеци.

Од овие 117 безбедносни грешки вклучуваат 13 кои се во категоријата на критични, додека останатите се во категоријата на важни или умерени. Дел од критичните, односно исправки кои мора веднаш да се инсталираат, вклучуваат такви кои се смета дека се искористуваат од страна на хакерите, па корисниците не би требало да чекаат со инсталација на вчерашните надградби.

Една од критичните надградби е наменета за „PrintNightmare“ пропустот којшто е познат изминатите неколку недели и за кој Microsoft веќе издаде исправка, но се покажа дека нема да биде доволна.

Инсталацијата на надградбата се прави стандардно како и секогаш со проверка во Settings > Update & Security > Windows Update.

Целосната листа на исправки за Windows, како и за останатите апликации и сервиси од Microsoft, е достапна тука.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаЕлон Маск има купено карта за возење со вселенскиот авион на Virgin Galactic
Следна статијаAndroid 12 ќе овозможи играње на игрите додека тие уште се симнуваат од Play Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.