Нуклеарната фузија како извор на енергија е нешто кое веќе одамна се обидува да се постигне, како побезбедна и почиста алтернатива на нуклеарната фисија, односно нуклеарните реактори кои се користат веќе активно со децении.

Проблемот е што енергијата потребна за да се постигне спојувањето на атомите, начинот на којшто функционира фузијата, е толку голема, што со сегашната технологија тешко се доаѓа со исплатливост. На тоа треба да се додаде и сложеноста за креирањето на потребните услови за фузијата.

ITER е фузиски реактор кој е развиен од страна на повеќе земји, меѓу кои Кина, ЕУ, Индија, Јапонија, Јужна Кореа, Русија и САД, а ќе се гради во Франција. Изградбата се очекува да трае дури 5 години, по што ќе може да се направат првите обиди да се види дали реакторот ќе функционира и дали ќе може да се обезбеди енергија која ќе може да се искористи од електричната мрежа.

Сепак се верува дека сме уште далеку од функционален реактор кој работи на нуклеарна фузија, па сега ги гледаме почетоците на нешто што ќе обезбеди многу почиста и побезбедна енергија.

Веста за почетокот на градбата, како и објаснувања за тоа која е разликата помеѓу фузија и фисија, моменталните нуклеарни реактори и тие кои ќе работат на фузија и слично, можете да погледнете на ова одлично видео од DW.

ИЗВОРBBC
Претходна статијаМакпетрол Dell со совети како најдобро и ефикасно да ја организирате вашата работа од дома
Следна статијаНовото Старт мени достапно во „бета верзијата“ од Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.