shutterstock_75626410

Како да откриете со колку и кои вирусни инфекции одреден пациент се има справено во текот на животот? Ќе го искористите неговиот имунолошки систем. Сите знаеме дека имунолошкиот систем се бори против вирусните и бактериските инфекции, при што развива „имунолошка меморија“ која потоа ја користи за побрза и поефикасна реакција ако повторно се појави истиот непријател.

Развивањето на оваа „меморија“ се остварува преку создавање на антитела кои специфично се борат со одредени патогени организми. Ваквите специфични антитела, пак, ги препознаваат вирусите кои повторно доаѓаат преку одредени белковини (протеини) на нивната површина кои имаат улога на означувачи. Научниците го искористиле овој факт за да ја испитаат вирусната историја на нивните испитаници.

Имено, тие создале специјални вируси деривирани од веќе постоечки, кои постанале бактериофаги (вируси кои влегуваат и заразуваат бактерии). Потоа, со нив ги заразиле одредени бактерии, кои пак реагирале со тоа што ја појавиле означувачката белковина на нивната површина. Ваквите бактерии истражувачите ги помешале со човекова крв од испитаниците, и набљудувале како ќе реагира. Онаму каде што имунилошките клетки се закачиле за некоја бактерија бидејќи ја препознале белковината значело дека тој човек веќе се борел со тој тип на вирус.

Според нивното истражување, луѓето најчесто се борат со Епштеин-Бар вирусот, и повеќето луѓе имаат во просек 10 вирусни инфекции во животот. Тие пронашле и двајца кои имале дури 84 различни инфекции, што е навистина интересен наод.

Ваквиот тест ќе може да се искористи за анализа на имунолошката историја на пациентите и давање на попрецизен и посоодветен третман во борбата против најразлични микроскопски непријатели, а воедно ја покажува и моќноста на модерната генетика и што се` може да придонесе за поздрав и позадоволен живот кај луѓето.

Извор: The Verge, IFLScience

Претходна статијаАлко – Апликација која ќе процени колку алкохол во крвта имате
Следна статијаNASA сака да ги врати комерцијалните суперсонични летови