Лагата има кратки нозе
Лагата има кратки нозе

Дали интелигентните луѓе помалку лажат? Интелигентните луѓе се најчесто поосвестени од понеинтелигентните што докажа и едно неодамнешно смешно истражување.

Истражувачите Бредли Рафл (Bradley Ruffle) од Wilfrid Laurier University и Јофес Тобол (Yossef Tobol) од Jerusalem College of Technology споровеле едноставно и интересно истражување врз разновидна и случајно избрана група луѓе за да дојдат до заклучокот дека интелигенцијата е поврзана со искреноста. Овој експеримент најпрво бил спроведен од страна на едни германски научници врз група Швајцарски студенти, но за разлика од израелското истражување, на испитаниците не им била измерена интелигенцијата. Тие дошле до заклучокот дека луѓето преферираат поскромни лаги со цел  да ги зголемат своите шанси за да се извлечат од „делото“.

Истражувањето било спроведено во израелски трговски центар, а се состоело од тоа што испитаниците еден по еден во приватна кабина требале да фрлат шестострана коцка за играње покер, а потоа да го кажат резултатот. Сите испитаници потоа ги чекала парична награда во зависност од резултатот што го добиле. За резултат со износ „еден“ – наградата изнесувала само 2,5 американски долари, за резултат со износ „два“ – наградата изнесувала 5 долари и така натаму се` до резултатот со износ „шест“, за кој наградата изнесувала 15 долари. За самото учество во квизот учесниците добивале по 5 долари. Со оглед на тоа дека никој не ве гледа кога ја фрлате коцката, кој број би го пријавиле вие?

Статистики од истражувањето
Статистики од истражувањето

Научниците сакале исто така да дознаат кои категории на луѓе најмногу би излажале во оваа ситуација. Тие увидоа исто така дека интелигентните луѓе лажат поинаку. Сите учесници биле прашани за нивното потекло, возраст, образование, дали себе се сметаат за искрени и дали сметаат дека искреноста е важна. Покрај тестот за интелигенција тие исто така биле прашани дали се вработени и колку заработуваат и дали се религиозни.

Скоро половина од испитаниците пријавиле износ од шест, додека пак скоро никој не кажал дека му се паднале 1,2 или 3. Покрај тоа што попаметните биле многу поискрени, оние лица со поголема интелигенција коишто излажале, може да се каже дека лалеже со мерка. Неинтелигентните лажговци најчесто кажувале дека им се паднала шестка, додека пак паметните лажговци биле многу поскромни и најчесто кажувале дека добиле четворка или петка. Истражувачите сметаат дека поинтелигентните луѓе се многу посвесни за последиците од лажењето. Попаметните знаат дека лагата можеби има моментални придобивки, но долготрајни последици.

Попаметните луѓе помалку лажат
Попаметните луѓе помалку лажат

„Додека сите се свесни за придобивките од кажување на лага во дадена ситуација, типовите на луѓе со повисоки когнитивни способности можат да бидат повеќе свесни или во состојба подобро да ги проценат трошоците“ – велат научниците во извештајот. Друга можна причина за тоа што поинтелигентните лажат помалку е фактот што тие можеби се сомневале дека играта е тест за искреност и дека можеби се снимани со камера, па затоа не сакале да бидат фатени како прават голема лага.

Интелигентните луѓе се најчесто поосвестени од понеинтелигентните и затоа лажат помалку, затоа што знаат дека на лагата кратки `и се нозете. Најверојатно поинтелигентните свесни се дека за подобар свет треба да се прават добри, а не лоши дела. Потребни се додатни истражувања за да се истражи и утврди конекцијата помеѓу искреноста и интелигенцијата и треба да се има во знаење дека една обична игра не е одраз на реалноста. Тоа што некој бил искрен во квизот, не значи дека секогаш е искрен и во секојдневието.

Извори: WashingtonpostIndependent

Претходна статијаMicrosoft развива футрола за смартфон со вграден дисплеј
Следна статијаВашиот iPhone има „век на траење“ од три години