Слика од Википедија
Слика од Википедија

Кој не би сакал да живее бесконечно или барем двојно од досегашната просечна граница од 80 години (освен можеби познатиот астрофизичар Нил деГрејс Тајсон)? Научниците работат напорно на истребување на смртта. Гугл веќе прогласи крстоносна војна против смртта, но не е само оваа компанија активирана во постигнувањето на вековниот човеков сон. Научниците од Харвард и Универзитетот од Нов Јужен Велс, меѓу кои и познатиот Давид Синклер, се исто така ангажирани на решавање на овој проблем. Тие само што изјавија дека пронашле начин како да го вратат процесот на стареење.

Овој експеримент се фокусирал на глувци но се направени и мали клинички испитувања на луѓе. Научниците, користејќи одреден тип на природни протеини и молекули кои ги стимулирале во некој специфичен момент, успеале да ги исклучат гените за стареење а да ги вклучат гените за „младеење“. Тоа го постигнале преку хранење на глувците со молекулата НМН (никотинамид моно нуклеотид), што предизвикало поништување на ефектите од стареењето на мускулното ткиво за само една недела. Тие се надеваат дека сличен или ист третман можат да го употребат и кај сите останати ткива.

Самиот Синклер изјави: „Откривме гени кои контролираат како телото се бори против староста и овие гени, ако ги вклучиш на правниот начин, можат да имаат моќни ефекти, па дури и поништување на стареењето – барем кај глувците засега“. Тој исто така извести дека имаат започнато мали клинички студии низ светот за ефектите на ваквиот третман и дека се надева дека за неколку години ќе се имаат резултатите од тоа дали има ефект. „Нашата крајна цел е луѓето да ги консумираат ваквите молекули за да ги спречат болестите од стареење и да живеат подолги, поздрави животи“, рече тој. Инаку професорот Синклер работи повеќе од една деценија на сопирање на стареењето. Тој има изјавено дека секојдневно зема ресвератрол, молекул кој постои во виното и за кој некои научници сметаат дека има ефекти против стареењето.

Ваквите истражувања ја зголемуваат надежта дека еден ден човештвото ќе ја постигне бесмрттноста и заедно со префрлањето кон обновливи извори на енергија ќе влезе во својата Златна доба, кога ќе може да размислува да постане космички релевантно и да ги реши сите свои внатрешни проблеми како војната, гладта, достапноста до вода за пиење и слично. Постигнувањето на бесмрттноста или значителното продолжување на животот е еден огромен чекор кон тоа.

Извор: ABC, Tech Times

Претходна статијаСпикерите на CNN користат iPad зад договорените Surface Pro 3 уреди
Следна статијаMicrosoft ги направи бесплатни мобилните верзии од Office