Научници од Швајцарија презентираа начин како да се произведе синтетички керозин, односно гориво кое се користи од страна на авионите. Овој метод исто така може да се користи и за добивање на дизел гориво.

Нивниот систем кој е составен од сончева кула која користи јаглерод диоксид и вода, е објавен во журналот Joule каде што може детално да се прочита за што се работи.

Начинот на којшто функционира сончевата кула е преку употреба на 169 рефлектирачки панели кои го следат сонцето и ја насочуваат и концентрираат неговата радијација директно во сончев реактор којшто е поставен на врвот од кулата.

Со помош на оваа сончева радијација се прави процесот на намалување на кислородот (redox – oxidation reduction), па од јаглерод диоксидот и водата останува комбинација од водород и јаглерод моноксид. Ова подоцна се претвора во течност од која се добива керозинот, односно вештачки направено гориво за авионите, наместо истото да се прави од фосилните горива.

Ефикасноста со која работи кулата во оваа фаза е 4%, односно ефикасноста во искористување на сончевата енергија, но истата се планира да се зголеми до 15%.

Поради тоа што системот функционира со јаглерод диоксид, доколку тој се собира од околината, горивото направено станува јаглерод-неутрално, односно јаглерод диоксидот којшто се испушта во околината при согорување на горивото е си иста количина од таа која се собира за негово производство.

„Ние сме првите што го демонстриравме целиот синџир на термохемиски процеси од вода и CO2 до керозин во целосно интегриран систем на соларни кули“, вели Алдо Стајнфелд (@solarfuels), професор во ETH Цирих и автор на трудот. „Досегашните обиди за производство на горива за воздухопловство преку употреба на сончева енергија главно се правеа во лабораторија“ – истакна тој.

ИЗВОРFuturism
ИЗВОР 2Scimex
Претходна статијаРобот му го скрши прстот на дете на шаховски натпревар помеѓу двајцата
Следна статијаАвионот на иднината на британското воздухопловство вклучува вештачка интелигенција, виртуелна и проширена реалност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.