Во вест која не ја слушаме секојдневно еден истражувач-астроном, Дејвид Несворни од Југоисточниот истражувачки институт во Боулдер, Колорадо, предложи теорија која вели дека во минатото можно е да постоел уште еден гасен џин во Сончевиот систем кој си заминал. Дејвид Несворни тоа не го предложува како теорија туку така, туку го базира на анализа и истражување на објектите кои сега се присутни во нашиот ѕвезден систем, особено Нептун и Кајперовиот појас.
Имено, Кајперовиот појас е составен најмногу од замрзнати парчиња кои кружат на огромна далечина од Сонцето, но сепак се привлечени и врамнотежени од неговата гравитациска сила. Многу од парчињата се распоредени по различни оски низ Сончевиот систем, но нивното јадро се наоѓа на иста оска со планетите. Досега никој не можеше да каже зошто е ваква ситуацијата.
Според Несворни, овие парчиња биле под гравитациското влијание на Нептун некогаш во минатото (кој бил поставен на иста оска и блиску до нив), но се случил настан кој нагло го оддалечил од нив. Според него, ваков објект најверојатно е некаков гасен џин кој некогаш постоел во нашиот систем, но изгледа дека го напуштил при овој настан. Нептун ја сменил својата оска, а бидејќи промената била нагла парчињата во Кајперовиот појас останале да се вртат по истата оска на планетите.
Сега се поставува прашање дали овој гасен џин e тој објект кој од предходно се шпекулираше дека поминал низ Сончевиот систем поради други наоди (иако во тој случај се работеше за црвено џуџе кое не е толку еволутивно далеку од гасен џин по својот состав). Како и да е, интересна теорија која можеби ќе биде потврдена за сигурно во иднината.
Извор: New Scientist, IFLScience