150408131422-large

Со новите истражувања преку ALMA (Atacama Large Millimeter/submillimeter Array) во ѕвездениот систем лоциран во соѕвездието Бик на далечина од 450 светлосни години, кај еден ѕвезден систем наречен MWC480 пронајдени се неколку клучни сложени органски молекули. Пронајдени се три форми на цијанидни соединенија: водород цијанид (HCN), метил цијанид (CH3CN), и цијаноацетилен (HC3N).

Интересното е што кај MWC480 има повеќе метил цијанид него што има вода во земјените океани. Научниците кои ги пронашле цијанидните соединенија кај овој ѕвезден систем пресметале дека тие се сконцентрирани во области кои се наоѓаат во т.н. Кajперов појас од кој во иднина ќе се формираат кометите на системот. Тие комети можно е да се судрат со некоја планета во создавање налик Земјата и да ги пренесат основните градбени единки за создавање на жив свет – што можеби ќе резултира во жив свет после милијарди години.

Астрохемичарот Карин Иберг по повод овие наоди изјави: „Од студирањето на егзопланети знаеме дека Сончевиот систем не е уникатен во својот број на планети или постоење на вода. Сега знаеме дека не сме уникатни во органска хемија. Уште еднаш, научивме дека не сме посебни. Од погледот на живот во Универзумот, тоа се одлични вести“.

Цијанидот (…CN соединенијата) е апсолутно потребен за (нашиот тип на) органски соединенија и за започнување на органскиот живот на Земјата. Ако се земе претпоставката дека живиот свет во Универзумот настанува на сличен начин како нашиот, тогаш може да се претпостави дека цијанидот е потребен за секое започнување на органски свет било каде во вселената. Тоа значи дека пронаоѓање на цијанидни соединенија може да укаже на формирање или постоење на органски живот некаде во далечина, па дури и да е во „комшии“ како со MWC480.

Според едното објаснување, водата на Земјата потекнува од комети кои се судриле со нашата планета, а кои во своето јадро имале вода. Дополнително, друго дадено објаснување вели дека некои од клучните органски молекули кои се предвесник на создавањето на жив свет доаѓаат или настануваат при настанувањето на некој ѕвезден систем, во нашиот случај на Сончевиот, често во судир на некоја комета која ги носи соединенијата со некоја планета која има погодни услови.

Извор: Engadget, IFLScience

Претходна статијаВалентин Спиридонов – првиот човек на кој ќе му биде пресадена главата
Следна статијаWindows 10 TP 10051 за телефоните донесува многу добри новитети