Иако на долго се расправа за „празнењето на светските резерви со гориво“ и како тоа мора да се заменат со друг извор на енергија, истите не покажуваат знаци на помали залихи засега, а има огромни пространства кои воопшто не се ископани, како на пример Сибир. Како и да е, тоа не е причина да не се работи на поеколошки прифатливи извори на енергија, па макар тие биле гориво, но кое не ослободува загадување.
Првата работа која помислувате на чисто гориво веројатно е водородот, но овој пат пишуваме за друго гориво. Имено, Audi заедно со својот проектен партнер Global Bioenergies го произведоа првиот синтетички бензин исклучиво од растенија. Истиот го носи името „e-benzin“ и е направен од шеќерите од пченката. По процесирањето во нивната фабрика останува чист изобутан гас. Со ова се заобиколува процесот на користење петролеј во неговото производство кој се ископува и кој е (да речеме) ограничен.
Од Audi сакаат да го подобрат процесот уште повеќе со тоа што сакаат да ја елиминираат пченката од комбинацијата, и да создадат изобутан само од вода, водород, јаглероден двооксид и сончева светлина, што би било навистина големо достигнување. Иако тешко за остварување, ова е особено добро како замисла бидејќи овозможува да не се користат посеви за создавање на биогориво кога би можеле да се користат за создавање храна за милиони луѓе ширум светот.
Следниот чекор е во Германија да направат 10 пати поголема фабрика за биогориво од сегашната (која се наоѓа во Франција), и да постигнат до создавање на 100 тони биогориво годишно.
Извор: IFLScience, Gizmag