Единствена потврдена информација која што ја имаме од Microsoft е дека Windows 10 ќе стане достапен во неговата финална верзија од ова лето. Меѓутоа после оваа изјава тие немаат се’ уште излезено со поточна дата, па остана само да се претпоставува.
Пред некое време можевме да прочитаме дека директорката на AMD најави достапност на оперативниот систем до крајот на Јули. Достапноста се однесува за RTM верзијата, односно верзијата која што се пушта на производителите на уреди, а достапноста за корисниците се очекува да биде или во исто време или многу брзо после тоа.
Сега, познатиот „протекувач“ на информации од Microsoft, WZor, преку неговиот твитер профил изјави дека достапноста на Windows 10 од крајот на Јули е потврдена.
Се разбира оваа информација се’ уште спаѓа во категоријата на неофицијални информации, меѓутоа доколку се земе досегашното искуство со WZor, може слободно да се каже дека точноста на информацијата е прилично сигурна.
Тоа значи дека ќе почнеме да гледаме нови производи кои што доаѓаат со овој оперативен систем веќе од Август, па ќе може и да се добие претстава полека за популарноста кај корисниците за разлика од претходникот.
The release of Windows 10 RTM has been confirmed for July 2015
— WZor (@WZorNET) May 27, 2015
Извор: Windows Central