Повеќето слики кои што ги има направено и испратено леталото Rosetta на својата мисија за истражување на кометата 67P/Churyumov–Gerasimenko во главно се црно бели. Rosetta доаѓа до кометата во Август оваа година после 10 години на патување за нејзино пресретнување.
Како што веќе знаете, мисијата е составена од две посебни летала, односно од главното Roseta, како и Philae леталото кое што слета на кометата по што му се потроши батеријата. За среќа на научниците, леталото успешно ги извршува своите мерења и ги испраќа до земјата пред целосно да се исклучи.
Можеби Philae ќе чека подобри времиња, односно приближување до сонцето за да се направат обиди за негово повторно вклучување, но Rosetta ја продолжува својата мисија на истражување на кометата од нејзината орбита. Добиените податоци и резултатите ќе биде објавувани постепено како што тие ќе се проучуваат, а веќе може да се прочита за дел од нив.
Денеска можеме да ја видиме првата слика која што е направена во боја од страна на Rosetta на кометата. Истата може да се види дека има кафена нијанса, нешто што можеби ги има изненадено одредени луѓе.
Сликата е направена користејќи ја OSIRIS Narrow Angle камерата, а се очекува испраќање на нови слики во повисока резолуција до крајот на овој месец. Сликата која што моментално е достапна е до некаде матна, а тоа е поради промената на позицијата во однос на кометата при сликањето.
Во продолжение можете да ја видите сликата од кометата „исчистена“ со помош на Photoshop од страна на корисник на Reddit.
Извор: Sploid