nasaepicviewdscovr

Земјата е прекрасна на изглед, и тоа можеме да го забележиме од најразличните фотографии кои се направени досега од нејзе во минатото. Тиркизните пространства испресечени со облаци и копно, а на места рефлексија од Сонцето и` го даваат тој епски изглед кој го инспирира секој што ќе ја погледне.

Од ваквите слики никогаш доста, а доказ за истото е најновата фотографија направена од DSCOVR (Deep-space Climate Observatory), сонда голема колку фрижидер која беше лансирана во февруари оваа година (2015) со цел да не` предупредува на Земјата за можни сончеви бури. Покрај ваквата мисија DSCOVR има и друга функција остварена преку нејзината Земјина полихроматска сликовна камера (Earth Polychromatic Imaging Camera; EPIC), камера со само четири мегапиксели која има на себе повеќе филтери осетливи на различни фреквенции кои потоа можат по желба да се спојуваат.

Сликата од Земјата била направена преку спојување на црвениот, зелениот и плавиот филтер во една слика која изгледа како што би ја виделе ние со голо око, што значи е веродостоен приказ на нашата планета од далеку. Фотографијата е направена од повеќе од милион и шестотини илјади километри, и можете да забележите дека нивото на детали на истата е прилично голем за камера со само четири мегапиксели резолуција.

Извор: Petapixel, The Verge

 

Претходна статијаСите уреди во Microsoft ќе бидат под водство на Панос Панај
Следна статијаСензор за одпечатоци од прсти за прв пат сместен во Gorilla Glass