Како дел од реструктуирањето на компанијата кое што се одвива изминатиот период, Панос Панај е унапреден и ставен на чело на развојот на сите Microsoft уреди. Тој досега беше главен на Surface тимот, кој што може слободно да се каже дека е успешен производ на компанијата, кој што постепено успеа да се пробие низ силната конкуренција.

Surface компјутерите се одлично прифатени од корисниците, а исто така доаѓаат со одличен дизајн и материјали на изработка. Многу корисници на производите на Microsoft имаат коментирано дека компанијата треба да претстави Surface телефон, па со најновите промени, очекувањата се зголемуваат.

Под водство на Панај ќе бидат Surface, Windows Phone, Xbox, Surface Hub, Microsoft Band, како и најновите HoloLens очила за виртуелна реалност.

Оваа промена следи по излегувањето од компанијата на поранешниот директор на Nokia, Стивен Елоп и спојувањето на секторот за уреди, со секторот за оперативни системи во еден поголем сектор.

Промените во начинот на работа на компанијата започнаа од доаѓањето на Сатја Надела на чело на Microsoft. Уште од самиот почеток тој покажа дека целосно ќе ја промени политиката на компанијата и начинот на работа. Една од главните промени во работата е развојот на софтверските решенија за сите платформи, односно не само на Windows, што придонесува до нивно помасовно користење, а со тоа и популаризирање на производите од компанијата.

Microsoft изминатиот период започна со интегрирање на повеќе сектори, претходно издвоени посебно. Со тоа треба да се постигне унифицирање на работата и поефикасен развој на производите.

Извор: Windows Central, ZDNet

Претходна статијаАвтомобилите стануваат подложни на хакирање со нивното влегување во категоријата на „паметни“
Следна статијаПрекрасна нова фотографија од Земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.