Фото: NASA

Ingenuity малиот хеликоптер, кој на Марс беше однесен како дел од мисијата на Perseverance роверот, го направи својот прв и историски лет уште во април минатата година. Ова беше важен момент за NASA и нивните соработници кои покажаа дека можат да испратат летало кое целосно независно ќе може да лета на друга планета, каде што гравитацијата и атмосферата не се исти како на Земјата.

Во периодот што следеше Ingenuity направи уште доста летови и испрати интересни слики, како и важни информации.

Малиот хеликоптер на Марс направи вкупно 29 летови пред да биде ставен на пауза поради зимата на планетата, поточно во делот каде што е поставен хеликоптерот. Зимите на Марс достигнуваат температури и до -86 степени Целзиусови, па јасно е зошто еден електронски уреди би морал да биде оставен да го почека крајот на ваквите временски услови.

Од NASA истакнуваат дека Ingenuity има поминато 101 „марсовски“ зимски денови, а во меѓувреме на 6 август тие имаат направено тест вклучување на „пропелерите“ со брзина од 50 вртежи во минута, како и уште еден тест на 15 август со 2573 вртежи во минута, брзина со која веќе може да се лета.

Информациите кои биле добиени од овие два теста покажале дека се е во ред со Ingenuity и дека е во состојба да може да се направи обид за летање.

Првиот лет после зимата, односно триесеттиот вкупно е направен успешно овој викенд, а начинот на којшто е направен е како вториот минатата година. Тоа значи дека од NASA биле внимателни, па летот бил направен на висина од само 2 метри.

Ова значи дека Ingenuity успешно ја има „преживеано“ зимата, па ќе може да продолжи да лета повторно, иако веќе неколкукратно ја надмина очекуваната бројка на летови планирана пред почетокот на мисијата.  

ИЗВОРBGR
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаSpaceX ги намали цените на месечната претплата за Starlink во повеќе земји вклучувајќи ја и Македонија
Следна статијаПробиени дел од системите на LastPass, но корисничките податоци се безбедни сега за сега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.