NASA

По одложувањето на првиот обид за лет на Марс на Ingenuity хеликоптерот минатата недела, рано утрово NASA повторно се обиде и успешно беше направен првиот лет со сопствен погон на друга планета.

Ingenuity леташе 30 секунди на висина од 3 метри, по што се врати назад на земјата, односно површината на Марс. Заедно со процедурата за полетување и слетување, Ingenuity имаше лет од скоро 40 историски секунди за NASA и воопшто за вселенските истражувања.

Летот малиот хеликоптер го прави автоматски, а NASA ги дава командите кога да се почне процедурата, колку време да трае летото и слично.

Ingenuity, кој дојде сместен на долниот дел од Perseverance роверот, има за мисија да открие какви се можностите за лет на Марс, нешто што ќе има големо влијание во одлуката за испраќање на други летала, а се истакнува и можноста за носење на летала како дел од идните човечки мисии на планетата.

Атмосферата на Марс е доста поретка од таа на Земјата, па поради тоа е предизвик да се одржи лет на одреден објект. Ingenuity е доста мал хеликоптер, односно повеќе наликува на дрон поради големината, но според неговите карактеристики и начин на лет, сепак влегува во категоријата на хеликоптери.

Поради ретката атмосфера на Марс двата пропелери кои се вртат во спротивен правец, мораат да постигнат и до 2.500 вртежи во минута, за разлика од потребните околу 500 вртежи на Земјата.  

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаХалкбанк АД Скопје дел од поддржувачите на коалицијата “Priceless Planet” – платфoрма на Mastercard насочена кон поздрава планета
Следна статијаHuawei го претстави новиот електричен автомобил SERES SF5
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.