Првата мисија со луѓе до Марс можеби ќе пружи значителни проблеми за когнитивното функционирање кај луѓето, што навистина не е потребно на еден ваков скап и револуционерен потег на човештвото.
Имено, според најновите истражувања на дејствието на космичките зраци врз мозокот, во овој случај на глувци, беше откриено дека тие негативно делуваат врз неговото функционирање. Научниците од NASA Лабораторијата за вселенска радијација при Националната лабораторија на Брукхевен ги подложиле глувците на зрак од силно зрачење од јонизиран кислород и титаниум, истото кое би се искусило на патувањето до Марс.
Ефектот кој бил забележан е следниот: глувците изложени на зрачењето биле позбунети по 6 месеци од истото и побавно учеле нови работи. Воедно, не биле толку љубопитни околу околината. Кога ги набљудувале нивните неврони, постоеле физички промени кои предизвикале градење на помалку дендритични синапси поради тоа што озрачените честички ги растуриле – што делувало негативно по меморијата и мотивацијата кај глувците. Глувците, како цицачи имаат многу сличен мозок со човековиот, па се очекува дека истите ефекти ќе бидат забележани и кај луѓето изложени на космичка радијација.
Инаку, луѓето на Земјата ги штити силното магнетно поле кое ги неутрализира космичките зраци, и без неговото постоење не би постоел ни животот или барем не во оваа форма.
Ова би значело дека ќе треба да се инсталира силна заштита за астронаутите кои ќе се охрабрат да летаат кон Марс за да се блокира штетното космичко зрачење кое може да предизвика намалување на когнитивните способности на астронаутите. Останати предлози кои би можеле да помогнат е одржување на силно магнетно поле околу вселенскиот брод кој би ја неутрализирал радијацијата, но прашање е дали таков број е изведлив.
Извор: IFLScience, Huffington Post