blood-donation-transfusion-pic-rex-image-1-169611750

Сите учиме рано во животот дека нашата крвна група може да биде 0 (нулта), А, Б или АБ и дека има диференцијација во позитивна или негативна. Исто така учиме дека нулта крвна група може да донира крв на сите останати, а пак останатите можат да си донираат само во својата група.

Причината поради која има разлика во крвните групи (и поради која настанува опасна автоимуна реакција ако примиме некомпатибилна крв) е поради акумулацијата на супстанци кои се различни кај различните типови на крв. Ова досега претставува проблем бидејќи мора да се води стриктна евиденција за донираната крв како би се избегнале непотребни компликации.

Изгледа дека можеби на ваквите проблеми им доаѓа крај бидејќи еден тим на научници од Универзитетот Британска Колумбија од Канада пронашле начин како со ензим земен од бактеријата Streptococcus Pneumoniae може да се уништат крвните антигени и практично да ја претворат секоја крвна група во нулта.

Овој концепт не е нов, но тоа што е ново е што научниците успеале да постигнат 170 пати појако дејство на ензимот отколку неговиот родител. Тие ова го постигнале со техниката наречена „насочена еволуција“ со која правеле промени директно во генетскиот код на бактеријата, а потоа со одбирање на најдобрите резултати дошле до посакуваниот резултат.

Ефикасноста на ензимот се` уште не е 100%, што го спречува да се употребува сега. Сепак, тимот на научници се убедени дека ќе постигнат таква ефикасност поучени од тоа што го постигнале досега. Нивните резултати ги објавиле во Журналот за американското хемиско општество.

Извор: Science Alert, FaS Department of Chemistry

Претходна статијаПатувањето до Марс може да е штетно за човековиот мозок
Следна статијаTesla Energy – Амбициозен систем кој има потенцијал да го револуционизира енергетскиот пазар