Концептите на Мултиверзум и паралелни светови најчесто ги знаеме од научната фантастика. Во истата, хероите можат да прескокнат од еден универзум во друг овозможувајќи им разни специфични искуства или способности, како менување на минатото во другите паралелни светови (а ла крајот на филмот „Меѓуѕвезден“).
Но покрај научната фантастика сега еден познат теоретски физичар, Брајан Грин, тврди дека ваквите паралелни светови постојат и наскоро ќе можат да се потврдат. Според него, ние живееме во еден универзум кој е „комшија“ со други универзуми кои постојат до нас. Ние не можеме да ги видиме овие други универзуми бидејќи за нив важат други физички правила, но се претпоставува дека за некои од овие универзуми гравитацијата е универзална сила која им влијае.
Астрофизичарите забележале многу чуден феномен бидејќи Андромеда галаксијата, која е оддалечена 2,2 милиони светлосни години, забрзува кон нашата галаксија Кумова слама (Млечен пат), со брзина од 320 илјади километри на час. Според нив, овој феномен е логичен само ако гравитација од невидлив универзум кој се наоѓа меѓу двете галаксии истекува за да ги влече двете галаксии.
Тие откриле гравитациска моќ 10 илјади пати поголема од онаа на Кумовата слама што алудира на постоење на паралелен универзум кој влијае на нашиот.
Но иако постоењето на паралелни универзуми можеби ќе биде изведливо да се потврди, тоа не значи дека ќе имаме можност да ѕирнеме во нив или да прескокнеме. Како што напоменав погоре, за нив се претпоставува дека важат различни физички закони и правила и нашето пренесување е веројатно невозможно.
Извор: Truthisscary, NPR.org