Минатиот викенд, поточно на 19-ти Октомври во недела, во близина на Марс помина кометата Siding Spring. Кометата доаѓа од регион околу сончевиот систем наречен Oort Cloud. Овој дел од вселената е полн со големи смрзнати објекти за кои што се верува дека се останати од времето на формирањето на сончевиот систем. Ова е прво поминување на кометата волку блиску до сонцето од својот регион, што им овозможи на истражувачите уникатна можност за сликање на првите слики на јадрото на таканаречените комети со долг период.
Поради близината до планетата со која што помина кометата, NASA мораше да изготви план за сокривање на трите летала кои што орбитираат за да не бидат оштетени од остатоците кои што обично се наоѓаат зад кометите. Покрај тоа, ова претставуваше ретка можност за сликање на комета, од кои што слики ќе може да се проучи истата.
Оваа недела NASA објави слики од кометата кои што беа сликани со High Resolution Imaging Science Experiment (HiRISE) камерата на Mars Reconnaissance орбитерот. Слики се направени и од еден од роверите кој што се наоѓа на површината на планетата, со што се доби и интересна перспектива на кометата од позиција на која што потенцијално би бил човекот.
Сликите се сликани на растојание од најмалку 138.000 километри од кои што се добиени слики со 138 метри од пиксел. Претпоставките биле дека кометата, односно нејзиниот нуклеус е со големина од 1 километар, меѓутоа од сликите е заклучено дека таа е помала.