Нанороботи со дијаметар од околи 300nm - Џианронг Ву

Научници од Универзитетот во Единбург развија мали роботски уреди кои можат да ја заменат потребата од операција на мозокот за спречување на штетата од мозочните аневризми, односно излевањата на крв од артериите со ослабнати ѕидови. 

Моментално операциите на мозокот се прават со посебни тенки „жици“ кои треба да достават стентови до погоденото место, но тоа подразбира правење на целосна операција, нешто што секогаш носи со себе ризик, а во случајот со мозочните операции, ризикот е доста поголем. 

Нанороботите кои моментално се тестираат во лабораториски услови и на зајаци се со големина помала од повеќето бактерии, односно дваесетина од црвените крвни зрнца. 

Овие нанороботи имаат магнетно јадро, а се обложени со заштитен слој кој е дизајниран да се стопи на конкретна температура. На овој начин нанороботите се насочуваат до саканото место, по што го поставуваат потребниот лек. 

Обично лекот се состои од коагулант за крвта со што во тој дел се спречува крварењето, нешто што може да доведе до мозочен удар, а според информациите повеќе од 500.000 луѓе годишни во светот го губат животот од аневризми. 

Истражувањето е објавено во Small каде се достапни сите детали за овој нов метод кој треба да се покаже како доста успешен во иднина. 

„Нанороботите ќе отворат нови граници во медицината – потенцијално овозможувајќи ни да вршиме хируршки поправки со помалку ризици од конвенционалните третмани и да таргетираме лекови со прецизна точност во тешко достапните делови од телото. Нашата студија е важен чекор кон приближување на овие технологии до лекување на критични медицински состојби во клинички услови“. – истакна др. Ки Жоу од Универзитетот во Единбург. 

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2LiveScience
Претходна статијаКои се сите новини кои ги донесува iOS 18
Следна статијаЕкипажот од SpaceX успешно ја изврши првата „вселенска прошетка“ од приватна компанија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.