Споредба меѓу Земјата и Kepler-452b
Споредба меѓу Земјата и Kepler-452b
Споредба меѓу Земјата и Kepler-452b

Радувајте се љубители на научната фантастика – пронајден е досега најдобриот кандидат за планета која е слична на Земјата. Според најновите податоци од Kepler телескопот кој го испитува небото токму со оваа цел, откриени се дури 12 нови кандидати за планети слични на Земјата. Под „планети слични на Земјата“ се подразбираат планети кои се слични по големина на Земјата, се наоѓаат во населливата зона околу својата ѕвезда, а ѕвездата е слична на Сонцето.

Планетата која доби најголема оценка се вика Kepler-452b, се наоѓа во соѕвездието Лебед, и орбитира околу ѕвезда која е одприлика иста големина и температура како и нашата. Годината на Kepler-452b трае 385 дена, што е само 20 дена повеќе од нашата година. Нејзината ѕвезда е постара околу 1,5 милијарди години од Сонцето (кое пак е старо околу 6 милијарди години). Интересното е што Kepler-452b може да ни покаже како можеби ќе се развива Земјата во следните милијарди години бидејќи е околу 1 милијарда години постара од Земјата.

Kepler 452b

Според научниците, земајќи предвид информациите добиени од Kepler телескопот, најверојатно се работи за карпеста планета како нашата, но таква која поради својата големина (за 60% проценти има поголема маса од Земјата) веројатно има редовна вулканска активност на својата површина. Условите на површината се погодни за да има постојана површинска вода, но можеби поради редовната вулканска активност истата е испарена во атмосферата.

По нејзиното откривање беа насочени и SETI телескопите за да се детектираат можни знаци на живот во смисла на електромагнетни зрачења испуштени од некоја цивилизација, но засега нема позитивни резултати за такво нешто. Како и да е, ваквата вест делува возбудливо зошто Kepler-452b заедно со другите слични земјини „клонови“ укажуваат на можноста дека не сме сами во галаксијата, и шансите за такво нешто се намалуваат. Сепак, Kepler-452b е оддалечена 1.400 светлосни години па комуникација со неа е практично неизведлива со денешната технологија (замислете да чекате порака 1.400 години да пристигне, а потоа тие да ве чекаат 1.400 години да се врати одговорот – тоа е доста време за размислување и интроспекција).

Извор: CNet, IFLScience, The Verge

Претходна статијаКористевме Huawei P8 – Први импресии
Следна статијаBreakthrough Listen – вашиот преносен уред ќе може да помогне во трагањето по вонземски живот