Фото: Shutterstock.com

Се повеќе луѓе се одлучуваат како превозно средство да ги користат електричните тротинети, како и велосипедите, а тоа не ретко знае да биде начекано со негативни реакции од околината, од кои и да е причини.

Една студија направена во градот Атланта во државата Џорџија, САД и објавена во журналот Nature Energy, го покажува ефектот во сообраќајот кој го имаат овие алтернативни средства преку мерењето на сообраќајот кога тие не се користат.

Поточно, студијата го испитува влијанието на забраната во Атланта за возење на вакви алтернативни превозни средства од 21 часот до 4 часот наутро која е воведена во август 2019 година.

Студијата е направена во периодот од јуни до крајот на септември истата година, што значи дека точно се има погодено во периодот на забраната за да може да се направи споредба.

Резултатите од студијата, сумирано, укажуваат на разлика од околу 10% по воведувањето на забраната, односно зголемување на времето потребно да се патува до некаде за 2-5 минути.

Во случај кога во градот има некој настан, зголемувањето на сообраќајот изнесува 37%, што е веќе доста голема разлика.

Проценката на оваа студија е дека во целата земја разликата би била 17,4%, а економскиот ефект изнесува 4,9 милиони долари во Атланта, како и од 400 до 500 милиони долари на ниво на целата земја, односно на ниво на САД.

Целата студија е достапна на овој линк.

ИЗВОРElectrek
Претходна статијаМакпетрол: Намалување на цената на природниот гас во месец ноември за 500 евра
Следна статијаМаск најави зголемување на цената на Twitter Blue и полесно добивање на ознака за верификуван профил
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.