6664.-Roy-Sullivan-Was-Struck-By-Lightning-7-Times-And-Lived-Copy

Интересно е мислењето на неколку климатски научници од САД објавено во најновиот број на списанието Science од Универзитетот од Каролина, Беркли. Тие ги имаат објавено своите набљудувања кои укажуваат дека зголемувањето на глобалната температура веројатно ќе доведе до зголемен број на електрични празнења во атмосферата САД (во главно громови) поради фактот што зголемувањето на температурата предизвикува поголемо испарување на водните површини и зголемување на просечната влажност на воздухот.

Според сегашните сознанија, електричните празнења во атмосферата како громови и молњи се случуваат бидејќи водената пареа и разните други атмосферски појави поврзани со водата како градот, лапавицата и снегот, предизвикуваат поларизирање на електричните полнежи кај облаците. Оваа поларизација ја предизвикуваат преку триење на молекулите меѓусебно, при што се одвојуваат електроните од едни молекули и се пренесуваат на други, правејќи ги првите позитивно наелектризирани, а вторите негативно. По преоѓање на одреден праг на ваква поларизација стремежот на електроните да дојдат во електрична рамнотежа победува и тие почнуваат да скокаат од места каде што ги има повеќе кон места каде што фалат и овој скок може да биде гром или молња.

Според наодите на климатскиот научник Дејвид Ромпс и неговите колеги, а користејќи ги информациите од американските метеролошки станици за влажност, мерења со помош на радиосонди на т.н. CAPE (спроводлива достапна потенцијална енергија; convective available potential energy) како и од станиците за мерење на удари од гром во САД, дошле до заклучокот дека позицијата и интензитетот на громовите можат да се предвидат до 77% користејќи ги горенаведените извори на информации. Тие дополнително утврдиле дека со зголемување на температурата за 4 целзиусови степени од сегашната (што се очекува да се случи до 2100 г.) интензитетот на громовите ќе се зголеми за дури 50%.

Погледнете го краткото видео во кое се објаснува истото

Ваквото зголемување ќе предизвика повеќе директни човечки жртви (што и така нема да биде голема бројка), но ќе предизвика и значително зголемување на пожарите, особено шумските пожари кои кога се започнати на овој начин потешко се гасат. Тоа сепак не мора да е стриктно лоша работа. Главното прашање е, кога некој ќе му успее да измисли заробувач на оваа енергија од громовите што практично може да го ослободи човештвото од многу од нашите енергетски потреби, а воедно да ги спаси шумите?

Извор: ScienceDaily

Претходна статијаЕлектронските цигари можен извор на малициозен софтвер ?
Следна статијаАуди А-7 h-tron – автомобил на водородни ќелии достојна конкуренција на Тесла С