Еболата е многу интензивна и смртоносна болест предизвиката од вирус, која сепак може да се преживее во еден дел од случаите со интензивна нега и подобрување на имунитетниот систем на пациентот. 2014 година беше година на повторување на Ебола епидемијата, околу која светот се заангажира за да ја спречи (не толку) навремено.
Истражувачите на пренесувањето на овој вирус открија дека и покрај тоа што кај прележаните пациенти вирусот се губи од разните телесни течности, тој може да остане во семената течност и да се пренесе на друг пациент. Тие откриле еден случај на жена која заболела од Ебола по имање сексуален однос со маж кој ја прележал болеста.
Научниците предложуваат мажите кои имале прележано Ебола да немаат секс се додека не се открие како точно се пренесува вирусот, но поучени од нереалната цел да се постигне сексуална апстиненција, велат дека треба да користат кондоми како би го намалиле ризикот на пренос (кој сепак нема да биде нула).
Тие дополнително откриле дека вирусот се задржува и во некои други телесни течности, како мајчиното млеко, по поминувањето на симптомите. Ваквите случаи имаат опасност да ја зголемат стигматизацијата на жртвите на Ебола кои обично се одбегнувани во своите социјални кругови поради стравот да не заразат други луѓе, и покрај тоа што преживувањето на напад од овој вирус значи дека имунитетниот систем на пациентот станува толку силен што претставуваат „ѕидови“ кои го отежнуваат понатамошното ширење на болеста.
Извор: IFScience, Smithsonian