Победувањето на гладта е една од најтешките пречки при држењето до разни диети и здрави начини на живот. Во дамнешното минато кога се развивало човештвото ова не би било никаков проблем со оглед на тоа што храната која постоела во околината не била во толку големи количества.
Сепак човештвото во последните неколку стотици години се насочи кон храна богата со јаглехидрати која не само што е штетна за организмот, туку е екстремно тешко да се одолее. Кога би имало начин луѓето да се намалат при јадење благо, тестенини и слично, ќе помогне прилично во регулирањето на телесната тежина и нездравите животни навики на просечниот човек.
Научниците го пронајдоа токму тој клуч до регулацијата на чувството на глад (засега кај глувци, но убедени се дека кај луѓето е истиот механизам) , кој се наоѓа како сноп од неврони во хипоталамусот наречен AgRP заедно со нервите кои ги контролира понатаму во мозокот. Невроните од AgRP ослободуваат молекули кои ја блокираат активноста на клетките кои следат, а кои пак пријавуваат дека глувците се сити. Кога ќе прекинат нервите во продолжеток со активност, глувците стануваат гладни и почнуваат да јадат.
Научниците создале генетски-модифицирани глувци кои можат да бидат хемиски контролирани со специјална супстанца за активирање на AgRP. Кога го направиле тоа, глувците кои претходно биле најадени продолжувале да јадат. Истото работело и во обратниот случај, кога нејадени глувци одбивале да јадат бидејќи чувството на глад им било вештачки исклучено со посебна дрога.
Дополнително, истражувачите се обидувале да откријат дали глувците (и оттаму и ние) јадат поради тоа што сакаат да го елиминираат чувството на глад, или поради тоа што храната дава чувство на награда.
Тие вградиле импланти во мозоците на глувците кои можеле да бидат активирани со помош на сина светлина, и ги ставиле глувците во комори со сина светлина. Во паралела ставиле обични глувци во исти такви комори. Тие кои биле осетливи на сината светлина поминувале повеќе време во коморите за разлика од обичните, што означува дека глувците чувствувале задоволство од активирањето на овие невронски групи, а не само непријатно чувство кога се гладни.
Ваквиот наод веројатно ќе помогне во иднина да се помогне на општата популација во развивање и одржување на здрави навики во исхраната и намалување на јадење на нездрава храна.
Извор: IFLScience, Nutrition Insight