Фото: Универзитет во Саутхемптон

Научници од Универзитетот во Саутхемптон го имаат зачувано целосниот човеков геном, односно сите генетички информации кои ја сочинуваат човековата ДНК. Целта на ова се истакнува дека е можноста човекот некогаш во иднина да биде повторно оживеан откако во далечната иднина не се најде начин да се избегне крајот на сончевиот систем, а со тоа и изумирањето на човековата раса. 

Ова секако делува до некаде повеќе како начин да се привлече вниманието на читателите, па не е ни познато кои се шансите да вакво нешто воопшто е возможно, без разлика колку далеку во иднината. 

Тоа што е доста пореално е истакнувањето дека ваквиот начин на зачувување на податоците може да се користи за зачувување на геномот на голем број на растенија и животни кои се ретки и на работ на исчезнување. 

Податоците се запишани на таканаречен „5Д мемориски кристал“ кој наводно има потенцијал да не биде оштетен и да ги изгуби податоците повеќе милијарди години, за разлика од стандардните формати кои се користат кои имаат доста мал рок на траење во споредба. 

Кристалот е со големина од мала паричка, а во својата најголема форма може да чува податоци со големина од 360 терабајти. Се смета за еден од термално и хемиски најстабилните материјали, а научниците од Универзитетот во Саутемптон првпат го комерцијализираат во 2014. Кристалот се споредува со „фузиран кварц“, односно стакло направено од речиси чист силициум диоксид. 

5Д меморискиот кристал се истакнува дека може да издржи доста ниски и високи температури, како и доста голем притисок, од каде доаѓа и очекувањето дека ќе опстои во одредени идни ситуации. 

ИЗВОРLive Science
Претходна статијаПоднесена жалба против Mozilla за нешто кое од организацијата се познати дека го штитат
Следна статијаНовите уреди од Meta може да се покажат како проблем за Apple
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.