Фото: Shutterstock.com

Meta минатата недела претстави нови уреди, односно очила за проширена и виртуелна реалност. Очекувано, овие уреди веднаш ја насочуваат дискусијата кон Apple и нивниот Vision Pro, а посебно новите Orion очила од Meta. 

Марк Гурман, во неговиот најнов неделен билтен, пишува баш на оваа тема, а очекувано тој има доста критики за начинот на којшто Apple настапуваат на пазарот изминатите неколку години. 

Тој смета дека новите уреди од Meta покажуваат дека Apple го има изгубено нивниот начин на функционирање по кој се познати. Главниот аргумент е ниската цена на новиот Meta Quest 3S, уред кој иако ја нема напредната технологија од Vision Pro, сепак ги нема главните проблеми од тој на Apple, а посебно цената. 

Гурман смета дека Vision Pro е доста подобар уред, но сигурно не е десет пати подобар, колку што е цената. 

Во билтенот Гурман го споредува почетокот на Vision Pro со почетоците на iPhone и Apple Watch и истакнува дека ситуацијата со Vision Pro е доста поразлична. Поради стратегијата на Apple со овој уред, тој смета дека верзијата која ќе биде успешна ќе има многу малку сличности со првата верзија. 

Како главна грешка во стратегијата Гурман ја гледа желбата на Apple да има повеќе верзии од Vision Pro со различни цени и карактеристики, а основата која е поставена оваа година не е цврста како што би требало да биде.

Според изворите во Apple со кои Гурман има контакт, во компанијата нема согласност за тоа како треба да се продолжи во иднина. Во игра се повеќе можности, од претставување на поевтина верзија од Vision Pro, до префрлување на повеќето функции на iPhone за да се намали тежината и цената на уредот, па се до претставување на повеќе видови на паметни очила и уреди. 

Можеме само да се надеваме дека Apple ќе вложува доста енергија и ресурси во постоечките производи, без непотребно да се насочуваат кон нови видови на производи кои засега не се нешто посебно барани на пазарот. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаЧовековиот геном зачуван на „5Д мемориски кристал“ со надеж за „враќање“ на изумрената човекова раса во иднина
Следна статијаНовиот софтверски пакет за здравје на Samsung овозможува напредок во здравствените иновации
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.