Autism_Awareness_puzzle-pieces1

Луѓето, како и сите биолошки организми, понекогаш имаат грешки при оплодување или при спојување на разни гени кои предизвикуваат вродени пореметувања во развојот. Понекогаш таквите пореметувања се предизвикани од болести или физички оштетувања на делови од телото, најчесто на мала возраст, што го оневозможува природниот начин на развој на организмот.

Тоа најчесто значи развивање на некаква неспособност за извршување на различни аналитички, физички или социјални функции. Слично е со аутистичните луѓе кои имаат проблеми со социјални интеракции и често екстремно се фокусираат на повторливи феномени и работи.

Од друга страна пак, ваквата способност за долготраен фокус кон една работа често ги прави супериорни за работите кои го бараат тоа – како на пример, забележувањето на грешки во програмерски код.

screen-shot-2016-04-02-at-3-22-45-pm-e1459635886981
Раџеш Анандан

Па така претприемачот Раџеш Анандан го повикал својот поранешен цимер Арт Шерман (од МИТ) да започнат тестирање на аутистични луѓе при откривање на софтверски грешки со основање на компанијата Elephant Ventures. Како потврда на неговото претчувство, тие откриле дека аутистичните луѓе (од кои се пријавиле преку 150 кандидати за 72 часа) се далеку подобри од „обичните“ во оваа работа, бидејќи забележувале во просек 20% повеќе грешки во исто количество време.

Кога Elephant Ventures го заменила IBM во некоја позиција за проверка на код, резултатите биле уште поимпресивни – дури 56% подобри од IBM. Elephant Ventures сега сакаат да се зголемат во бројност и ангажираност на аутистични луѓе, за да им дадат поголема шанса на овие луѓе кои имаат дури 80% невработеност и покрај тоа што некои од нив имаат факултетска диплома.

Што е аутизам?

Autism_Center_Pittsburgh

Аутизам е пореметување во развојот на мозокот кој предизвикува развивање на неколку пречки и неспособности. Чести вакви пречки се неспособност или отежнатост за социјална интеракција, социјална ненаштиманост, губење на емпатички способности, екстремна фокусираност на повторливи задачи и акутно игнорирање на околината. Во основа аутизмот е нагласување на машките карактеристики на умот за сметка на женските, што веројатно е причина зошто се појавува кај мажите 4 пати повеќе.

Аутизмот е најчесто предизвикан од генетски фактори, но понекогаш и од околински. Поврзаноста на вакцините со аутизмот беше поништена. Во светот околу 21 милиони луѓе се заболени од ова пореметување и сè уште не е најдено некое решение или лек, но се овозможени подобри услови за функционирање на овие индивидуи кои во ретки случаи се извлекуваат од пореметувањето.

Во секој случај добро е што се согласивме дека ваквите луѓе не се опседнати со ѓаволи и не треба да се запалат на клада.

Дополнителни информации: Recode, TechNewsDB, USA Today

Претходна статијаOppo F1 Plus е телефон со селфи камера од 16 мегапиксели
Следна статијаВерна наградува – колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш