asteroid-earth-jan-2015_88130_990x742

Како што беше најавено, вчера астероидот 2004 BL86 помина до Земјата на растојание кое што се смета за навистина мало. Поточно, астероидот помина на растојание од околу 1,2 милиони километри од Земјата, што претставува 3,1 пати поголемо растојание од тоа на Месечината.

Ова растојание се смета за навистина мало, па ваквите вселенски објекти се следат за можноста да се судрат со Земјата во иднина. Следењето на овој астероид покажува дека ова е најмалото растојание кое што се очекува тој да го има во наредните околу 200 години. Астероидот е откриен во 2004 година од страна на Lincoln Near-Earth Asteroid Research (LINEAR) во Ново Мексико.

Asteroid2004BL86

Нареден астероид кој што ќе помине блиску до земјата се очекува во 2027 година.

При поминувањето на астероидот, на него се вршат истражување со помош на радарски системи кои што ја мерат неговата големина, форма, ротација и слично. Од мерењата на 2004 BL86 е заклучено дека тој е со големина од 325 метри и има прилично брза ротација која што завршува за само неколку часа.

Од снимките кои што се направени исто така е заклучено дека астероидот има и своја месечина, односно втор астероид кој што орбитира околу него кој што е со големина од 70 метри. Истражувањата покажуваат дека околу 16% од астероидите со слична големина или поголеми имаат еден или два објекти кои што орбитираат околу нив.

Астероиди со големина како 2004 BL86, доколку удрат во Земјата можат да предизвикаат штета на одреден регион, но не би биле катастрофални за животот на целата платена. Одредени организации веќе лобираат за издвојување на поголеми средства за наоѓање начини за заштита доколку се открие дека некој од големиот број на тела кои што поминуваат блиску до Земјата, имаат патека на судир.

Извор: IFLScience, NASA

Претходна статијаПроверете го квалитетот на воздухот со Мој Воздух
Следна статијаНеколку идеи за модерни старт-ап бизниси во РМ – дел 1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.