Фото: Lawrence Livermore National Laboratory

Научниците од Lawrence Livermore National Laboratory при крајот на мината година за првпат успешно генерираа повеќе енергија при реакција на нуклеарна фузија и со тоа докажаа дека еден ден фузијата ќе може да се користи како извор на енергија.

Како главен проблем, кратко кажано, на нуклеарната фузија е огромната енергија која е потребна за да се постигне спојувањето на два атоми, најчесто два полесни во еден потежок. Затоа постигнувањето на поголем излез на енергија се смета за огромен успех во ова поле.

Сега научниците од истата лабораторија повторно успешно имаат постигнато нуклеарна фузија со која имаат генерирано повеќе енергија од таа што била потребна за нејзиното постигнување, односно покренување.

Се’ уште трае анализата на резултатите, па не е точно објавена бројката како минатиот пат. Во првиот случај биле користени 2,05 мегаџули енергија, по што биле добиени 3,15 како излез.

Ова секако е малку, па ќе поминат децении додека технологијата биде доволно развиена за да се користи масовно и да ги замени сегашните извори на енергија.

Нуклеарната фузија се смета за многу почист и побезбеден извор на енергија од нуклеарната фисија, иако фисијата не е толку „страшна“ како што некогаш се претставува.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаНови најави за развој на iPad на преклоп од страна на Apple
Следна статијаARM ќе направи иницијална јавна понуда на акции во септември, со Apple, Samsung и други најавени како инвеститори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.