Изминатиот викенд Пакомак го затвори овогодинешното издание на конкурсот„Trash for Art“ и ги прогласи имињата на добитниците на награди. Пријавените дела се натпреваруваа во три категории, а во секоја од категориите беа предвидени по три парични награди.

Во конкуренцијата на поединци и други институции, прва награда освои Ангела Бошкоска со делото ”Папагал”,  2 место, Михаил Петров со делото “Печка на дрва”, додека 3 место – Павел Милановски со дело на тема  “Тежината на светот од загадување”

Во категоријата основни училишта, парични награди добија за 1 место – ПОУ „Гоце Делчев” – Неготино со делото  “Овци”, 2 место – ООУ „Јоаким Крчовски” – Kрива Паланка со делото  “Паун”, додека 3 место – ООУ „Димче А. Габерот” – Демир Капија со делото “Лимен човек”

Во категоријата градинки, наградите ги освоија: 1 место – ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија  со делото “Кенгур”, 2 место – ЈОУДГ „Димче Мирчев” Велес  со делото “Був”, додека 3 место – Приватна детска градинка „Грин Хаус” Скопје со дело на тема “Моцарт”

Конкурсот „Trash for Art“ беше отворен за возрасни и деца, а неговата цел е да ги потсети граѓаните на нашата земја дека отпадот може да заземе различна форма и да добие нов живот, благодарение на умствената креативност и вештиот допир.  Оваа година беа поднесени голем број дела, а најдобрите од нив, кои беа наградени, ќе останат во трајна сопственост на Пакомак. Повеќе информации за конкурсот и наградените дела можете да најдете на www.pakomak.com.mk.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.