produzene prijave somoborac

SoMo Borac, награда која што се доделува на Weekend медиа фестивалот, а која ја организираат агенциите 404 и Jasno & Glasno, ги препознава најдобрите во регионот од дигиталниот свет.

Како што веќе целиот регион знае, наградата се доделува во 8 категории, па така секоја година дознаваме која е најдобрата Facebook страна во регионот, кој одлично ги има совладано другите социјални мрежи како Instagram или Twitter, но и кој ја има осмислено и реализирано најдобрата мобилна апликација. Покрај тоа, во склоп на СоМо ќе видиме и вирален блокбастер на годината, најдобриот контент маркетинг проект на целата дигитална кампања. Оваа година се бира и дигиталец на годината – се работи за личност која во некоја компанија го води дигиталниот оддел и има што да покаже.

Пријавите на СоМо Борач се бесплатни, а како што веќе знаете, рокот е продолжен до 9ти септември. Дознајте повеќе на www.somorborac.com.

Претходна статијаSnapdragon 820 ќе биде двојно побрз од 810-ката
Следна статијаПатент на Apple за батерии кои ќе можат да траат повеќе недели