snapdragon

Qualcomm се чини е исклучително зафатен во конструирањето на новиот Snapdragon 820 чип, со кој треба да се врати на тронот на најбрз процесор кај преносните уреди, титула која моментално му припаѓа на Exynos чипот на Samsung.

За таа цел, за разлика од 810-ката, која има осум јадра, односно четири A57 и четири A53 ARM јадра, 820-ката ќе има четири Kyro јадра, кои како процесорите на Qualcomm од минатото, се базираат на ARM архитектурата, но имаат дополнителни подобрувања. Токму ваквите подобрувања, им овозможуваа на Snapdragon чиповите да бидат пред останатата ARM конкуренција кога се перформансите и потрошувачката во прашање.

Според првите информации за Snapdragon 820, Kryo јадрата ќе работат на 2,2 GHz и ќе бидат двојно побрзи и поекономични од оние во 810-ката. Голема заслуга во ова ќе има и големината на транзисторите, кои сега ќе бидат 14 нанометарски, за разлика од 28 нанометарските на актуелниот чип.

А интересната вест во овој дел е што производството на чипот најверојатно ќе биде во погоните на Samsung, кој заедно со Intel е единствениот што има можност за произведе чипови со толку мали транзистори.

Покрај подобрувањата во самиот процесор, голем напредок треба да има и во новата Adreno 530 графика, која ќе биде 40% побрза од Adreno 430, што значи дека чипсетот многу полесно ќе се снаоѓа до дисплеите со многу високи резолуции, како и со новите 3D игри.

Првите модели со Snapdragon 820 би можеле да ги видиме уште на почетокот од наредната година.

Извор: Android Central, Mashable

Претходна статијаSamsung го претстави првиот Ultra HD BlueRay плеер
Следна статијаРокот за пријава за SoMo Borac продолжен до 9ти семтември