Ве известуваме дека Македонското научно здружение за аутизам – МНЗА организира меѓународна конференција на тема „Лицата со аутизам во центарот на вниманието – поддршка преку индивидуално насочено планирање“, која ќе се одржи во среда на 25 август, 2021 година, во 12:00 часот на платформата Зум.

Оваа конференција е завршен настан од 3 годишниот проект “A holistic approach to person-centered planning for Autism (AUTISM_PCP)”, од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, со референтен број 2018-1-EL01-KA204-047788. Линк до веб страницата од проектот каде се дадени материјали за користење и на македонски јазик: http://www.autismholistic.eu/

Главните цели на проектот се:

– Јакнење на лицата кои се изложени на ризик од социјална исклученост и поконкретно зајакнување на лицата на состојби од аутистичен спектар (САС);

– Зајакнување на севкупните напори за социјална инклузија и интеграција на лицата со САС во редовното образование и општеството во целост;

– Подобрување на компетенциите на професионалците и сите поединци, како што се членовите на семејството и роднините итн., кои се вклучени во животот на лицата со САС;

– Да се подигне свеста кај пошироката јавност во однос на социјалното вклучување на лицата со САС.

Конкретната цел на настанот е да се промовира методологијата за индивидуално насочено планирање (Person-centered planning) прилагодена за лица со аутизам, која е развиена како клучен резултат од работата на Autism_PCP меѓународниот конзорциум, во изминативе три години. Но, исто така, имаме намера да дадеме и поширок пресек на моменталната состојба во однос на  правата и потребите на лицата со САС, како и системските решенија во однос на социјалните услуги за оваа категорија граѓани, која за жал станува се побројна.

На веб конференцијата ќе има вкупно 12 предавачи од Австралија, САД, Кипар, Грција и Македонија. До овој момент се пријавени преку Гугл формулар 563 гости од следните држави: Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, САД, Германија, Велика Британија, Нов Зеланд, Грција и секако најголем број пријавени од Македонија.

За време на сесиите очекуваме да се развие плодна дискусија и на крајот да извлечеме практични заклучоци. Сето ова во насока на што поголем индивидуален развој и независност на лицата со состојби од аутистичен спектар во нашата држава.

Претходна статијаHUAWEI WATCH 3 Pro ја освои EISA наградата за најдобар паметен часовник
Следна статијаEndava Tech Insights ’21 – Бесплатни онлајн предавања за сите млади професионалци