Microsoft официјално го најави нивниот најпознат годишен настан, Microsoft Build за оваа година. Ќе се одржи од 23 -25 мај, а ќе има и работилници кои ќе започнат еден ден порано.

За разлика од претходните години, оваа година Build покрај онлајн, ќе може да се следи и со физичко присуство, што значи дека ќе се врати на начинот на организирање од пред „короната“.

Како што е случајот со Google I/O, настан кој ќе се одржи на 10 мај и Apple WWDC, така и Microsoft Build е настан пред се организиран за програмерите. Тие на овие настани можат да дознаат повеќе за нивната работа, да запознаат експерти и други контакти за работењето, како и да ги видат новините кои ќе бидат претставени во периодот што следи.

Сепак, тоа што нас не интересира е делот во кој се презентираат новини поврзани со крајните производи кои се наменети за обичните корисници. На овој настан очекуваме дека ќе може да дознаеме нешто повеќе за развојот на Windows 11, а посебно се очекуваат и повеќе информации за вештачката интелигенција и нејзиното интегрирање во Office, односно Microsoft 365.

Google оваа недела ја најавија својата интеграција на вештачката интелигенција кај Workspace апликациите, а за почеток мал број на корисници ќе можат да ги пробаат новините кај Docs и Gmal.

Microsoft Build ќе може да се следи во живо преку страната на компанијата, а секако најважните новини ќе можете да ги прочитате на нашата страна.

Настанот ќе започне со презентација од страна на директорот на компанијата, Сатја Надела.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSkyShowtime го потврди датумот за премиера на серијата „Grease: Rise of the Pink Ladies“
Следна статијаBMW го претстави BMW Panoramic Vision кој донесува екран на целата ширина од шофершајбната
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.