km-43

Почнувајќи од утре, 25-ти ноември 2015, па до 29-ти, зависно од кој град сте, ќе се одржи 43-та критична маса, настан веќе добро познат на повеќето. Како и обично, целта на овие велосипедски собирања е да се подигне свеста кај луѓето, но и кај властите, за важноста на овој вид на превоз за еден град и општество.

Во светот веќе постојат примери за тоа како може да се развива инфраструктурата во градовите, планирајќи го просторот покрај за возилата, така и за велосипедистите, пешаците, зелените површини и слично.

Сакаме заедно да порачаме до одговорните градски администрации во нашите градови, но и до сите одговорни на национално ниво, до сите планери професионалци, но и донесувачи на одлуки и кројачи на буџети, дека ни е потребна темелна промена на урбаните политики:

-Од политики на планирање на сообраќајници со фокус на коли и маргинализирање на пешачкото и велосипедското движење кон мултимодални политики: обезбедување простор за сите начини на транспорт (пешачење, возење велосипед, јавен превоз, автомобил), со предност на одржливите начини на транспорт.

-Од политики за проширување сообраќајници и освојување нов јавен и зелен простор за загадувачки индивидуален транспорт кон политики за овозможување на повеќе опции и побрзо стигнување со незагадувачкиот здрав транспорт (пешачење, возење точак) и јавниот транспорт.

-Тоа не значи целосно да се откажеме од планирањето за автомобили, тоа значи само да ги промениме приоритетите во корист на здравјето на сите.

Во Скопје Критична маса #43 ќе започне од плоштадот утре во 17:30 часот, а ќе заврши кај Драмски театар. Мапата на која што е прикажана рутата можете да ја видите во продолжение.

Инаку, критична маса ќе има и во Битола, Гостивар, Прилеп и Штип.

Извор: На Точак

Претходна статијаКреирајте приказна од амбалажен отпад и освојте 30.000 денари
Следна статијаРасте продажбата на Windows таблети на сметка на iPad