Apple вчера го одржа настанот на којшто слободно може да се каже дека беа претставени интересни новини, кои не се стандардното претставување на нов телефон или компјутер.
На настанот Apple ја претстави својата конкуренција на Netflix, долго време најавувана, Apple TV+. Овој сервис ќе стане достапен од оваа есен, а голем број на познати имиња од филмската индустрија се дел уште од самиот почеток.
Apple Card беше уште една интересна работа која беше претставна. Кредитна картичка со брендот на Apple, која е замислена да се користи директно од iPhone.
Apple Arcade и Apple News беа исто така претставени, а се работи за сервиси со претплата за игри и „весници“.
Целиот настан сумиран во 7 минути благодарение на The Verge можете да го погледнете на почетокот од статијата.